Абдиу Халили - Герасимов: Имаме заедничка цел, членство во ЕУ до 2030 година


Денес, државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања оствари средба со вицепремиерката за европски прашања на Молдавија Кристина Герасимов.

На средбата се разговараше за соработката и техничката помош што ние како држава можеме да ја понудиме во однос на преговарачкиот процес со ЕУ, Молдавија и Украина се две земји од источното партнерство кои неодамна ги започнаа преговорите за членство во ЕУ- истакна Абдиу – Халили.

Молдавија високо го цени нашето знаење и искуство кое како држава го имаме во преговарачкиот процес, земајќи ги предвид позитивните оценки што ги добивме од успешно завршениот скрининг со Европската комисија – истакна Герасимова на состанокот.

„Мојата порака до вицепремиерката Герасимов беше дека предуслов за успешен и ефикасен преговарачки процес е постигнување широк и стабилен државен консензус во однос на членството во Европската Унија – потенцираше на средбата државната секретарка.

Соговорниците на средбата се согласија дека Руската агресија и војната во Украина создадоа нов момент во ЕУ, ставајќи го проширувањето на врвот на европската агенда, а членството во ЕУ е наша заедничка цел. Подготвени сме за меѓусебна соработка до реализација на оваа цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

26.04.2024 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега