Абрамович има млада девојка: Рускиот милијардер се теши од санкциите со 30 години помлада Украинка (ФОТО)
Рускиот милијардер газда на Челси, Роман Абрамович тешко се носи со негативниот публицитет кој секојдневно му го создаваат британските медиуми, а во јавност се појави информација дека тој има нова девојка, која е три децении помлада од него.
Газдата на Челси е под големи санкции од Владата на Велика Британија, па и неговиот фудбалски тим минува низ тешки моменти. Абрамович е познат како човек кој ретко дава интервјуа, а приватниот живот не е премногу достапен за очите на јавноста.
Меѓутоа, британските медуми понекогаш успеваат да дознаат некои детали од неговиот живот, па така веќе е познато дека Абрамович бил трипати венчан, и тоа со Олга Лисова, Ирина Маландина и Дарија Жукова, при што добил седум деца.
Пред пет години Русинот се разведе од Дарија, а сега почнал љубовна врска пред неколку дена со Александра Коредјук од Украина, барем така пишува „Сан“.
Of course he is, the khunt. All these snivelling Oligarchs have numerous girlfriends that are showered in illegal cash. Seize all their assets too. https://t.co/vvjVjZo3cA
— Paul (@Laszlo76247344) March 13, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа