Адвокатот на Ѓоковиќ ја пронајде главната грешка на министерот кој му ја укина визата: „Работата е очигледна“

 

„Алекс Хок даде многу непримерно објаснување, споменувајќи ги и антиваксерите“.

Во петок навечер по австралиско време, започна уште една нова „рунда“ во судењето на Новак Ѓоковиќ, во која Министерството за имиграција на Австралија донесе нова одлука, односно Алекс Хок му ја укина визата за престој во Австралија на Ѓоковиќ поради „закана по здравјето и јавното добро на жителите“.

Сослушувањето пред судијата Ентони Кели е во тек, а адвокатот на Новак, Николас Вуд изнел тврдење според кое Алекс Хок донел одлука која е во целост спротивна на причините кои ги изнесе граничната полиција.

„Делегатот кажа дека Ѓоковиќ може да ги зарази другите луѓе затоа што не е вакциниран. Тој гледа на овој случај и ги зема предвид сите претходни факти кои беа важни за Новак, дека секој претставен ризик останува. Господин Ѓоковиќ има медицински причини да не се вакцинира“.

Тоа што е интересно е тоа што адвокатот на Ѓоковиќ истакнал дека одлуката на Хок, Ѓоковиќ да остане, предизвикала „возбудување кај антиваксерската заедница“.

„Тој би можел да остане во Мелбурн и да предизвика возбудување меѓу антиваксерите, а од друга страна можеше само да биде депортиран од земјата, но има медицински исклучок“.

Според адвокатот, очигледната грешка е во зборовите и ставот на Алекс Хок дека останувањето на Ѓоковиќ би можело да предизвика „возбудување кај антиваксерите“, а додал и дека тоа нема баш никаков основ.

15.01.2022 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега