Африканските земји погодени од епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници сѐ уште чекаат вакцини

Ниту една од африканските земји погодени од актуелната епидемија на новиот вид на вирусот mpox, порано познат како мајмунски сипаници, сè уште не примила ниту една од ветените вакцини, пишува денеска Гардијан, пренесува Танјуг.

Најпогодена од епидемијата на новиот вид клад 1б е Демократска Република Конго, каде од почетокот на годината починале 629 лица, а пријавени се 18.000 случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Новиот вид е регистриран и во Бурунди, Уганда, Руанда, Кенија, Шведска и Тајланд.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека првите дози на вакцини треба да пристигнат во Конго за неколку дена, но слични ветувања за донации на вакцини од САД не се реализираа на време.

Кога станува збор за донациите, немаше координирана акција, со тоа што Шпанија вети 500.000 дози, додека Германија и Франција ветија по 100.000, а САД соопштија дека ќе донираат 50.000 дози.

Досега, сепак, ниту едно од тие ветувања не е исполнето.

 
01.09.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега