Агелер: Коруцијата за Северна Македонија е најголем предизвик – тоа е став на граѓаните

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер вели дека корупцијата е очигледно е најголем предизвик за Македонија. Тоа, според неа, не е само нејзин став, туку и став на граѓаните на земјата.

-Моето мислење е рефлексија на тоа што го слушаме од луѓето, она што знам дека и вие го слушате од вашите сограѓани, а тоа е дека корупцијата е очигледно најголем предизвик со кој соочува земјата. И особено откако се движи кон ЕУ, како што се движи кон полноправна членка на европското семејство за да ги спроведе тие реформи и да се отвори за инвестиции какви што јас мислам дека треба да има и види, да се отвори за странски туризам, за целосна интеграција во европската заедница, јас верувак дека тоа ќе бара сериозно адресирање проблемот со корупцијата, рече амбасадорката на САД во гостувањето на Сител.

Според Агелер, корупција не е само поткуп, туку се јавува во многу форми.

-Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и затоа толку многу млади луѓе не сакаат да останат тука. Што толку млади Македонци од било која заедница ја бараат првата прилика која можат за да обезбедат работа или живот во друга земја. И тоа е огромна загуба, рече Агелер.

Ова доаѓа откако таа денеска преку Твитер најави дека американски тим истражувачи ќе ги „лови“ корумпираните политичари во Македонија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

06.12.2022 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега