Агелер: Пораката на Марфи е јасна зошто треба уставните измени да се направат до крајот на годинава

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер верува дека е јасна и важна пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дека тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции треба да се направат до крајот на годинава.

Агелер, која денеска е во Кавадарци на отворениот ден организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“ каде се прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба, прашана за коментар за изјавата на сенаторот Марфи, рече дека според неа тој бил навистина јасен во неговата изјава.

-  Сметам дека неговата порака е важна, дека доколку тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции не се направат до крајот на годинава, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, во Капитол... кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа нема потреба од толкување на неговата изјава, верувам дека беше многу јасен, одговори Агелер на новинарското прашање. 

28.05.2023 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега