АИК со повеќе среќа – Шкендија во пенал-драма испадна од Европа

Шкендија заврши со европските настапи, откако вечерва во Скопје по пенал-драма по 120 минути загуби од шведскиот АИК Стокхолм и не успеа да се квалификува за бараж за пласман во групната фаза на Конференциската Лига на УЕФА.

 

По ветувачките 1:1 на гости во Шведска, Шкендија имаше предност во мечот, но по 90 и 120 минути резултатот беше 1:1, за во пенал-серијата, дури три играчи на македонскиот претставник да промашат пенали за 2:3 пораз.

Тимот на Артим Шаќири го почна мечот офанзивно, што се исплатеше во 22. минута, кога Ферхан Хасани беше сигурен од белата точка, по фаулот над Шаља во шестнаесетникот на гостите. Сепак, ова водство тетовци не успеаја да го зачуваат, откако во 55. минута, голманот Костадин Захов реагираше многу лошо и не ја избоксува топката надвор од шестнаесетникот за Јасин Ајари да има лесна задача да ја смести топката во мрежата.

Двата тима не успеаја да стигнат до гол до крајот на регуларните 90 минути, по што следуваа две продолженија по 15 минути, во кои исто така во прв план беше одбраната и внимателноста, па се отиде на изведување на пенали. Пенал-серијата започна одлично за Шкендија со промашување на Ларсон, по потоа Дита, Дориев и Хасани да не успеат да постигнат голови за елиминација. АИК сега ќе игра со чешкиот Словацко за пласман во натпреварувањата по групи.

 

11.08.2022 - 23:37
Фото: 
ФК Шкендија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега