Ајфеловата кула пропаѓа - вработените штрајкуваат
Вработените на Ајфеловата кула во Париз ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција, која годишно ја посетуваат седум милиони туристи.
Туристите нема да може да го посетат ова обележје и ќе бидат лишени од погледот на Градот на светлината од врвот на кулата.
Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува, а трошоците за одржување се потценети, пренесува „Ла Паризиен“.
„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба, таа пропаѓа“, додаде Вавасори, а дури и вработените што работат во компанијата за управување и одржување веќе 30 години велат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.
Кулата, која се наоѓа во близина на Сена, била изградена за светската изложба во Париз во 1889 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа