Ајкула распарчила дете на место каде за последните 300 години имало само три напади

Ајкула нападнала и усмртила момче (16) на брегот на Јамајка.

Телото на несреќниот средношколец било пронајдено северно од островот, а жртвата е Јахмари Рид, кој живеел на Јамајка, источно од популарниот туристички град Монтего Беј.

Тинејџерот наводно отишол сам на подводен риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди од напад на ајкула, соопшти полицијата, пренесува CBS.

Очевидци изјавиле за Јамајка Обсервер дека на тинејџерот му недостасувала левата рака, а остатокот од телото бил тешко осакатен.

Од 1749 година, во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународното досие за напади на ајкула, управувано од Музејот за природна историја на Флорида и здружението Еласмобранч на Америка.

Нападите од ајкула се ретки, со вкупно 69 потврдени неиспровоцирани напади ширум светот и 14 смртни случаи пријавени минатата година, се вели во извештајот.

Според извештаите, „непропорционален“ број луѓе починале од каснување од ајкула во Австралија минатата година во споредба со другите земји, а Австралија учествувала со околу 22 отсто од нападите на ајкули во светот минатата година.

Во јули, сурфер ја загуби ногата откако беше нападнат од голема бела ајкула во Австралија. Еден месец пред тоа, сурферот Тамајо Пери починал откако се здобил со фатални повреди во напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи.

Во јануари, млад рибар кој нуркал за лов бил убиен од ајкула на брегот на Пацификот во Мексико.

29.08.2024 - 23:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега