Ајкула уби тинејџер во Австралија
Тинејџер бил нападнат и убиен од ајкула на брегот на Јужна Австралија, соопшти денеска полицијата.
Тело било извлечено од водата по нападот, во близина на плажата Етел во Националниот парк Инес на полуостровот Јорк, соопшти државната полиција на Јужна Австралија.
Според локалниот жител Марти Гуди, кој со децении сурфа во областа, можно е тинејџерот да бил оддалечен околу 30 до 40 метри од брегот.
Тој рече дека тоа е најотворениот дел од океанот и областа каде што се зголемува нивото на водата.
Нападот се случи откако 46-годишен маж беше убиен од ајкула на полуостровот Ер во мај.
28.12.2023 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа