Акциите на компанијата-мајка на „Гугл“достигнаа највисоко ниво во последните 15 месеци

 

Компанијата-мајка на „Гугл“, „Алфабет“, не е толку често на насловните страници во споредба со други технолошки компании како што се „Мајкософт“, „Фејсбук“ и „Тесла“, но добрите резултати ги поттикнуваат инвеститорите да вложуват во иднината.

„Алфабет“ пријави приход во вториот квартал кој ги надмина очекувањата на аналитичарите, поттикнат од рекламирањето во водечката дејност на компанијата – пребарување, која ја издржува новата конкуренција од чет-ботови на вештачката интелигенција.

Акциите на „Алфабет“, скокнаа за 10% оваа недела, откако компанијата објави заработка во вториот квартал, видлив раст и покрај тешкиот пазар на реклами.

Цената на акцијата на компанијата-мајка на „Гугл“ достигна 132,58 долари на затворањето на пазарот во петокот, што претставува нејзина највисока цена во повеќе од една година.

„Алфабет“ го имаше својот најдобар ден на берзата минатата недела, бидејќи инвеститорите во голема мера ги поздравија најновите квартални резултати, што наведе неколку аналитичари од Волстрит да предвидат дека акциите ќе се искачат на највисоко ниво досега.

01.08.2023 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега