Акција со хеликоптери: САД си ги евакуираат своите граѓани од Хаити
Американскиот Стејт департмент соопшти дека во врска со ескалацијата на насилството на Хаити, американските хеликоптери вчера започнале со чартер летови за евакуација на американските граѓани од главниот град Порт-о-Пренс, при што првиот лет превезувал повеќе од 15 луѓе во Доминиканската Република, објавија британските медиуми.
Според портпаролот на Стејт департментот, хеликоптерите ќе овозможат евакуација на повеќе од 30 американски граѓани дневно.
Премиерот на Хаити, Ариел Хенри минатата недела објави дека ќе поднесе оставка, но привремениот претседателски совет допрва треба да биде назначен според планот поддржан од карипските нации и Вашингтон.
Тешко вооружени групи зазедоа голем дел од главниот град, а групите за човекови права и активисти пријавија масовни убиства, киднапирања и сексуално насилство.
Според проценките на ОН, повеќе од 360 илјади луѓе се внатрешно раселени. Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот, рече дека речиси 1.
600 Американци пополниле онлајн формулар со барање информации за опциите за напуштање на Хаити, но дека не сите од нив побарале помош во таа насока.
Некои американски граѓани бараа општи безбедносни информации, објасни Пател. Во неделата Вашингтон организираше чартер лет за евакуација меѓу градот Кап Ајтиен и Мајами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа