Актерката која се прослави по улогата на Есмералда завши во болница поради компликации со коронавирусот

 

Мексиканската актерка Летиција Калдерон (52), која се прослави со улогата на Есмералда во истоимената серија, беше итно хоспитализирана по компликации предизвикани од коронавирусот.

Според мексиканските медиуми, нејзината здравствена состојба е многу сериозна.

Некои членови на нејзиното семејство исто така биле заразени, но никој освен неа не бил хоспитализиран.

Летиција е во болница од петокот и се огласи на Твитер.

„Јас сум во болница и сум опкружена со прекрасен тим на медицински персонал кој се грижи за мене. Сега ми треба време и трпеливост за да оздравам. Ви благодарам за сите ваши пораки и за поддршката“, напиша познатата Летиција на својот профил на Твитер.

Таа истакна дека уште од почетокот се придржувала до препорачаните мерки за заштита на коронавирусите, но дека сепак била заразена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега