Актерот ја започнал врската со 12 години помладата атрактивна девојка 5 месеци по разводот - сега ќе станат родители
Актерот Брајан Остин (47), поранешниот сопруг на Меган Фокс (34), веќе одредено време е во врска со професионалнaта танчaрка Шарна Бургес (35), а по повеќе од една година забавување, парот споделил дека Шарна е бремена.
Брајан и Шарна ја започнале врската пет месеци откако актерот потврдил дека се разведува од поранешната сопруга Меган.
Пред оваа танчaрка, Остин го поврзувале со старлетата Кортн Стоден (25), како и со убавицата Тина Луиз која е сопственичка на еден ресторан во Лос Анџелес.
Овој пар папарацо фотографите го „уловиле“ минатата година на Хаваи, а сега повторно успеале да го направат тоа, но на фотографиите се гледа дека прекрасната Шарна е бремена и дека парот го очекува своето прво заедничко дете.
Парот бил фотографиран како се смее, прегрнува и бакнува постојано, а во таа прилика убавицата носела бело бикини.
За разлика од минатите девојки со кои актерот бил во врска, сегашната девојка изгледа многу поприродно, а може да се забележи и нејзината беспрекорна фигура на тело.
Да ве потсетиме, Меган и Брајан се венчаа во 2010 година, а официјално се разведоа во 2021 година.
Ова нема да му биде прво дете на Брајан поради тоа што тој веќе е татко на три деца кои ги доби со Меган, но исто така има и уште еден син од претходна врска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа