Активни девет пожари во државава


Во текот на денешниот ден до 18:30 часот, има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се 9, под контрола е 1 и изгаснати се 6, соопшти ЦУК.

АКТИВНИ: 9

1. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);

3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

6. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и мешана шума);

7. Општина Прилеп 2: месност Дервен (шума);

8. Општина Студеничани 1: с.Пагаруша – с.Вртекица (мешана шума и сува трева);

9. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 1

1. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).

ИЗГАСНАТИ: 6

1. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);

2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);

3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);

4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);

5. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);

6. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре).

06.09.2024 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега