Алармантна состојбата со пожарите: Загрозени куќи, итно пренасочен хеликоптер

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека покрај досега пријавените пожари, попладнево избија два нови тешки пожари на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на с. Градманци а се движи во насока на с. Катлановска Брезница.

„Вториот, на територијата на општина Гевгелија, во атарот на с. Негорци каде огнот се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи.

Поради загрозеност на луѓе и куќи итно пренасочивме еден армиски хеликоптер“, вели Ангелов.

06.08.2024 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега