Албанија старее, половина од жителите се над 36-годишна возраст

Албанија старее. Денес повеќе од половина од жителите се постари од 36 години, за разлика од 1990 година кога просечната возраст на населението беше 24 години. Тоа е ѕвоно кое најавува катастрофа, констатира весникот „Тема“.

– Миграцијата има разорни ефекти врз нашата земја. Зошто? Ако во 90-тите имавме 4 вработени за еден корисник на пензија, денес имаме 1,4 вработени на еден корисник на пензија. Со овој тренд во 2030-тите ќе имаме 1,2 вработени за еден корисник на пензија. Ова покажува дека пензискиот систем е во колапс, вели професорот по економија Клодијан Мучо.

 

Според Дениса Канамети од здравствената програма во здружението „Заедно за живот“, заминувањето на професионалците, не само во здравствениот систем, туку во секој сектор, остава многу голема празнина.

19.03.2023 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа