Албанија трета во светот по раст на туризмот: Што вели Државната статистика за бројот на туристи во Македонија?

 

Албанија го зазема третото место по раст на туризам, веднаш по Катар и Саудиска Арабија, објави Светската туристичка организација.

Но каде е Македонија и што вели Државната статистика за бројот на туристи?

Бројот на туристи во јуни годинава изнесува 110.319 од кои 23,5% се домашни, а 76,5% се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во јуни 2023 година изнесува 225 092, од кои 30.6 % се од домашните туристи, а 69.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 46.8 %.

Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 32.9 %.

 

18.08.2023 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега