Албанскиот премиер Еди Рама од утре во петдневна посета на Јапонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, утре ќе отпатува во петдневна официјална посета на Токио, Јапонија, во рамки на 42-та годишнина од воспоставување на дипломатските односи меѓу Албанија и Јапонија.
 
- За време престојот во Токио, премиерот Рама ќе оствари низа средби, во рамки на зајакнувањето и продлабочување на соработката меѓу двете земји, при што ќе го потврди пријателството меѓу двете земји, како и заемната заложба за натамошен развој на соработката во билатералната сфера и мултилатерално, во соочувањето со предизвиците заедно како пријатели и сојузници кои споделуваат исти вредности, стои во соопштението од неговиот кабинет.
 
Рама ќе  оствари билатерална средба со премиерот на Јапонија Фумио Кишида, со кого ќе бидат и на заедничка вечера со делегациите на двете влади.
 
-Двете земји споделуваат заеднички интереси поврзани со здравствената и социјалната заштита, превенцијата од катастрофи и заштитата на животната средина. Албанија и Јапонија споделуваат волја за понатамошен развој на заедничките интереси, зголемување на културните размени, особено во областа на туризмот и продлабочување на економската и комерцијалната соработка, се наведува во соопштението.
 
Минатата, 2022  година, се одбележа 100-годишнината од пријателските односи меѓу Албанија и Јапонија.
20.02.2023 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа