Александар Стојковски е новиот вршител на должност Директор во ЈСП
Ја информираме јавноста дека Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).
Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред се во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани.
ЈСП Скопје ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани.
Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење, оптимизацијата на трошоци и консолидирање на претпријатието, како еден од предусловите кон отпочнување на следната фаза до конечно исполнување на ветувањето на градоначалничката Арсовска за бесплатен јавен превоз.
Финансиската позитива во првото тримесечје од годинава, зголемувањето на приходите со над 60 отсто во споредба со минатата година, воведување на бесплатен превоз за возрасните лица, бенефициите за лицата со попреченост, како и повторното функционирање на Жичарницата и ноќните линии, се доказ дека ветувањата се остварливи.
Односи со јавноста Град Скопје
12.05.2022 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа