Алијанса се приклучи на опозицијата, Таравари се заблагодари за поддршката

 

По синоќешниот состанок во Куманово на кој Таравари доби поддршка од 75 делегати за приклучување кон албанскиот опозицискиот блок, тој денеска со статус на Фејсбук се заблагодари за довербата.

-Делегатите гласаа за мојот предлог. Алијанса официјално одлучи да се приклучи на опозцијата, напиша Таравави.

Според одлуката, партијата се обврзува по парламентраните избори да го продолжи европскиот пат и да не коалицира со партии кои се против уставните измени и европскиот пат на државата.

На состанкот во Куманово, Тарави доби поддршка од двајцата министри за кои крилото на Зијадин Села побара разрешување, а во салата присутни беа и пратениците Снопче и Алиу.

09.02.2024 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега