Алтернативно месо: Израелска компанија произведува 3Д парчиња бифтеци

 

Израелската стартап компанија „Redefine Meat“ вчера го прошири своето делување во Европа, а оттаму се надеваат дека до крајот на следната година ќе стигнат до многу ресторани и за првпат ќе ги послужат своите парчиња „алтернативно месо“.

Испечатената 3Д замена за говедско месо е претставена во Израел, како и во Германија, Холандија и Велика Британија. Мешавината од протеини од соја и грашок, наут, цвекло, нутритивен квасец и кокосови масти го имитира вкусот на бифтекот познат како „bavette“.

Компанијата која досега работела со околу 150 ресторани во Израел вели дека целите парчиња ќе ја прошират привлечноста на алтернативните месни производи кои генерално беа ограничени на јадења од мелено говедско месо, вклучувајќи хамбургери и колбаси.

 

17.11.2021 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега