Амбер призна дека го удрила Џони Деп, откриени и други одвратни детали

 

Судењето на Џони Деп (58) и Амбер Херд (35) продолжува, а деталите од ужасниот однос кој го имал холивудскиот пар за време на 15 месечниот брак не престануваат да ја шокираат јавноста.

По продолжениот исказ на Џони во судот била пуштена и доказна аудио снимка на која актерката се слуша како признава дека физички го нападнала поранешниот сопруг, пишува Дејли Мејл.

Разговорот го снимил актерот, кој претходно пред судот истакнал дека Амбер имала навика да го навредува и удира со раце, но и со опасни предмети.

-Не те удрив. Жал ми е што не ти дадов добра шлаканица. Те удрив, не ти ја „залепив“, се слушал гласот на Амбер од снимката.

На тоа актерот и одговара да не му кажува какво е чувството кога е удрен.

-Доби удар. Жал ми е што те удрив така. Не сум сигурна какви ми беа движењата на рацете, но не те повредив, добар си, викала Амбер на снимката.

Кога Деп на снимката рекол дека тоа било физички напад, Амбер се слуша дека признава.

-Да, физички те нападнав, рекла таа, а на снимката се слушнало и дека признава дека го удрила со вратата од бањата по глава.

Деталите во продолжение од нивниот однос се одвратни. Актерот вели дека останал згрозен откако неговиот кревет бил намачкан со фекалии бидејќи и кажал дека ќе ја остави.

По вечера во нивниот пентхаус, Амбер физички го нападнала Деп, а тој и рекол дека ќе ја напушти. Актерот вели дека неколку пати го удрила со тупанца по лица, а тој не и вратил. Отишол да преноќи во куќа која ја има на другиот крај од градот.

-Следниот ден сакав да се вратам за да ги земам своите работи. Знаецв дека таа има обврски и нема да биде дома. Телохранителот ми кажа дека тоа не е добра идеја, а потоа куќната помошничка ми испрати фотографија од нашиот кревет. На мојата страна јасно се гледаа фекалии, вели Деп.

 

Амбер подоцна ги обвинила нејзините кучиња за нередот, но актерот вели дека изметот сигурно бил од човек, бидејќи кучињата биле по два килограми и немало шанси тоа тие да го направат.

Деп од поранешната сопруга бара отштета од 50 милиони долари за текстот кој го пишувала за „Вашингтон пост“ каде го нарекла насилник.

21.04.2022 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега