Американски инфектолог со совети за оние кои сѐ уште не се вакцинирани

 

Според упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC), целосно вакцинираните лица не треба да носат маски на отворено и во повеќето затворени простори.

Лицата кои не биле вакцинирани, мора да продолжат да ја носат маската во затворено и кога не е можна физичка дистанца. Во ова се вклучени и децата, додека не се одобрат вакцините за деца под 12-годишна возраст, пишува магазинот Healthline.

– Доколку постои ризик за заедницата, маските треба да се носат во секој случај, поради ризикот од пренесување на вирусот. Ова треба да се почитува во ситуации на голема толпа, кога дистанца не е можна. Станува збор за заштита на себе си и на другите луѓе, особено оние кои не биле вакцинирани. И бидејќи болеста може да се појави со минимални симптоми, добро е да се носи маска  – советува д-р Мајкл Минт, инфектолог.

Д-р Џонатан Лаизман за Healthline изјави дека луѓето кои не биле вакцинирани мора да носат маски и на мали собири, продавници, фризери, музеи.

Миинт верува дека луѓето кои не биле вакцинирани имаат шанса да се заразат се додека коронавирусот е присутен кај популацијата. Исчезнување нема да се случи сè додека не се вакцинираат или стекнат антитела кон вирусот.

– Клучот за враќање во нормалниот живот е висок процент на вакцинирани и тоа е околу 70 до 90 проценти вакцинација на населението – додаде тој.

– Бидејќи вакцината неодамна стана достапна за децата, ние сме на чекор до враќање во нормален живот – заклучи тој.

14.06.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега