Анастасија Ражнатовиќ го менува животот од корен: Шпанија повеќе не е опцијa за живеење

 

Кога пред еден месец го загуби бебето, пејачката Анастасија Ражнатовиќ целосно се повлече во себе. Ги исклучи социјалните мрежи, а утеха се обиде да најде во манастирите и религијата. И колку и да ја тешеа семејството и пријателите, пејачката не можеше а да не ја одболува трагедијата што ја доживеа.

Меѓутоа, еден човек целосно и го промени животот за еден ден. Имено, пред повторно да се вратат во Шпанија, Анастасија и Немања го посетиле отец Предраг, омилен српски свештеник, кој ја објаснува религијата многу јасно за да можат да ја сфатат и обичните луѓе. Освен тоа, отец Предраг е многу сестран и многу духовит човек, а тој е оној кој ја врати насмевката на лицето на Анастасија.

Инаку, деновиве пејачката ги поминува со своето момче во Сен Тропе каде уживаат на одмор со братот на Немања Драги и неговата девојка.

Инаку Немања и Анастасија во иднина нема да го поминуваат времето во Шпанија туку одлучија што почесто да патуваат со друштво и драги луѓе, а во Севилја да бидат само додека работата на Гудел тоа го бара. Се помириле дека се што им се случува, како што рече отец Предраг, е Божја волја и дека ги чекаат многу убави нешта и среќни моменти.

29.06.2023 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега