Анџелина Џоли побогата за 7 милиони фунти- актерката продаде подарок од поранешниот сопруг

 

Сликата на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, која беше во сопственост на актерката Анџелина Џоли, беше продадена за 7.000.000 фунти на аукција во Лондон.

Цената на сликата е скоро четири пати повисока од најдобрата проценета цена во претпродажба, а исто така го надмина претходниот рекорд за слика на Черчил, што беше нешто помалку од 1.800.000 фунти, објави Би-Би-Си.

Сликата „Кула на џамијата Кутубија“, насликана во Маракеш за време на Втората светска војна, беше продадена на анонимен купувач.

Портпарол на аукциската куќа, Кристи, ја нарече оваа слика најважно дело на Черчил.

„Освен неговата истакнто потекло, тоа е единствениот пејзаж што го создаде за време на војната“, додаде портпаролот.

Делото на крајот се најде во рацете на актерката Анџелина Џоли откако Бред Пит ја купи сликата во Њју Орлеанс во 2011 година и ѝ ја подари.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега