Ангелов: Пожарникарите на Серта останаа без вода, словенечки хеликоптер изврши дотур на вода лебдејки

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека пожарникарите на планината Серта останале без вода, по што словенечки хеликоптер извршил дотур на вода лебдејки.

„Денес после пладне дел од ПП екипи кои го гаснеа пожарот кај неготинското с. Калањево на планината Серта, поради високите температури останаа без вода за пиење поради што еден од словенечките хеликоптери изврши дотур на вода лебдејки“, истакна Ангелов.

18.07.2024 - 22:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега