Англиски бизнисмен е прогласен за виновен за смртта на Емилијано Сала

 

Бизнисменот Дејвид Хендерсон е прогласен за виновен пред Кралскиот суд во Кардиф за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во авионска несреќа.

Хендерсон го организирал трагичниот лет и бил прогласен за виновен за неисполнување на безбедносните протоколи, убивајќи го фудбалерот, како и пилотот Дејвид Иботсон. Несреќата се случила на 21 јануари 2019 година, а телото на Аргентинецот било пронајдено дури еден месец по несреќата. Телото на пилотот, се уште не е пронајдено.

Обвинителот Мартин Гуди рече дека Хендерсон бил „многу невнимателен“ и „го ставил својот сопствен бизнис пред безбедноста на патниците“. Инаку, претходно е утврдено дека пилотот Иботсон, кој постојано летал за Хендерсон, немал дозвола за комерцијален пилот ниту пак бил квалификуван да управува со авионот во текот на ноќта, кога се случила трагедијата. Хендерсон конечно ќе биде осуден на 12 ноември, а во оваа прилика десет од 12-те судии го прогласиле за виновен.

Инаку, 28-годишниот Сала пред смртта беше во Кардиф, каде потпиша професионален договор вреден 15 милиони англиски фунти за Кардиф Сити и каде требаше да ја продолжи кариерата по настапите за Нант.

Од моментот на смртта на Сала, односите меѓу Кардиф Сити и Нант се многу лоши, а кулминираа со судски спор во кој клубот од Велс го тужи францускиот клуб за убиство на фудбалерот.

Кардиф одби да го плати трансферот кој изнесувал 17 милиони евра, но ФИФА му наложи на велшкиот клуб да го стори тоа. По жалбата на Кардиф, сумата е намалена на 6,1 милиони евра, но велшкиот клуб тоа го одби и реши да докаже дека не мора ништо да плати бидејќи Нант е одговорен за убиството со умисла на Сала. Засега не се знае како оваа последна пресуда ќе влијае на споменатата тужба.

 

28.10.2021 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега