Анкета: Граѓаните незадоволни од справувањето на власта со пандемијата

Најголем дел од граѓаните негативно се изјасниле за работењето на власта како во справувањето со епидемијата со коронавирусот, така и на прашањето за набавка на вакцините, покажува последната анкета која ја спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС. За министерот за здравство, Венко Филипче, пак, граѓаните се поделени во мислењата.

На прашањето колку граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата за справување со епидемијата со ковид-19, најголемиот број од анкетираните, 39,7 отсто се изјасниле дека не се задоволни, додека целосно задовлони се 17,1 отсто од испитаниците. Повеќе од половината од анкетираните сметаат дека Владата не презела навремени мерки.

 

Педесет отсто сметаат дека вакцините доцнат поради негрижа или неспособност на власта, а блиску се резултатите на оние кои позитивно и кои негативно ја оценуваат работата на министерот за здравство.

 

Анкетата е спроведена телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на државата. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега