Антикорупциска со обвинување: Екс градоначалникот Конески бесправно присвоил деловен простор

 

ДСКС достави предмет до Основното јавно обвинителство против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Конески. Истиот го терети за искористување на градоначалничката функција и менување на деталниот урбанистички план кај Мајчин Дом, на место каде требало да има зеленило а никнало 9 катница.

Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и место зеленило, нацртал зграда.

Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за 9-катна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 годинаизјави претседателката Ивановска на последната седница на Комисијата.

06.02.2024 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега