Апасиев му стави „срце“ на Ахмети
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев му стави „срце“ на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на видеото со кое тој се огради од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.
Апасиев и од приватниот профил, но и фан страната покажа дека му се допаѓа ова видео на Ахмети.
Лидерот на ДУИ вчера објави видео кое предизвика бура реакции во јавноста, особено кај опозицијата.
-Со години постојат напори од различни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за оставрување на своите цели во секојдневните партиски политики, напиша Ахмети на видеото што го објави на Фејсбук.
01.02.2022 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа