Апел за помош: Наташа боледува од рак и итно треба да замине на лекување во странство
Итно сме ѝ потребни на Наташа Димовска (45) , мајка на две малолетни деца која веќе подолго време се бори со најлошата болест, а тоа е канцерот. Таа мора итно да замине на лекување во странство, а потребни се големи финансиски средства. Семејството замолува сите хумани граѓани кои се во можност да донираат на телефонските броеви од 100 денари и тоа операторот А1 со број 143 900 и Телеком со број 143 161.
Нашето малку за некого е многу. Донирајте и споделете ја веста за да се соберат пари и оваа мајка да може да продолжи да се грижи за своите две деца и да биде со семејството.
Во продолжение се и трансакциските сметки за сите оние кои сакаат да донираат повеќе жената борец со најлошата болест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа