Апелација: Укинат притвор за организатор на група за трговија со дрога и оружје со гаранција од над 600 илјади евра
Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека е укината мерката притвор за обвинетиот Валмир Етеми, кој е организатор на групата за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион со прифаќање гаранција во вкупен износ од над 600 илјади евра. На обвинетиот му се определени мерки на претпазливост.
-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на ден 06.03.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот В.Е од С. Решението на Основниот кривичен суд, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема обвинетиот В. Е. од С. со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра или во денарска противвредност од 38.016.040,50 денари. Истовремено спрема обвинетиот В. Е. од С, се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од ЗКП, се наведува во соопштението од скопскиот Апелационен суд .
Вака донесената одлука со образложени причини за истата, како што се посочува во соопштението, објавена е во целост на веб страната на Судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа