Apple се врати на врвот на компании со најголема вредност

По четири години, Apple уште еднаш се најде на врвот на листата на највредни светски брендови, надминувајќи го Amazon, според истражувањето на консултантската компанија Brand Finance.

Вредноста на брендот „Епл“ скокнала за 87 проценти, на 263,4 милијарди долари, со првото место на „ Brand Finance Global Brand 500 2021 “

Apple е првата американска компанија чијашто пазарна вредност надминала 2.000 милијарди долари во август минатата година, потсетува агенцијата DPA.

Амазон го зазеде второто место на рангирањето на Brand Finance со вредност на брендот од 254,2 милијарди долари, а третото место му припадна на Гугл со проценета вредност на брендот од 191,2 милијарди долари.

Мајкрософт го задржа четвртото место, со 20% зголемување на вредноста на брендот, на 140,4 милијарди долари.

Самсунг го задржа петтото место, Волмарт се проби на шестото, а Фејсбук е на седмото, како и на минатогодишното рангирање.

Технолошките компании убедливо доминираат во рангирањето, со учество во вкупната вредност на брендовите од 14 проценти. Заедно, нивните брендови вредат 998,9 милијарди долари.

Компаниите водени од технолошки иновации значително ја зголемија вредноста на нивните брендови откако работењето од дома стана нова норма во годината обележана со мерки против пандемијата и зависноста на луѓето од дигиталните комуникации, невидени во историјата.

Apple ги престигна Amazon и Google благодарение на успешната стратегија за развој на нови извори на приход. „Ајфон“ на тој начин учествува со половина од нивните приходи во 2020 година, во споредба со две третини во 2015 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега