Апсење на ГП Деве Баир

 


На Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, денеска во 02.20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција поради тоа што приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки, кои ги управувал.

Од МВР соопштија дека при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „Тирсан“ со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

20.10.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега