Апсење во Скопје- приведени седум лица од кои две малолетни

 

Седум лица, од кои две малолетни биле уапсени за изминатите 24 часа поради поседување на дрога.

„На 03.03.2021 во 20.00 часот во Градски парк во Скопје при продажба на марихуана се приведени три лица, улични дилери. При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ "Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".
         
На 03.03.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Центар бил приведен Х.М.(31) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.03.2021 во 19.15 часот во Полициската станица Центар од слобода бил лишен В.Д.(26) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.03.2021  во с.Матка, скопско, полициски службеници  од СВР Скопје извршиле претрес во домот каде живее 17 - годишно лице, при што пронашле две ваги со остатоци од марихуана и  марихуана. Малолетникот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 На 04.03.2021 во 00.20 часот во Полициската станица Карпош од слобода бил лишен В.Ц.(23) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега