Арсовска: Една фамилија има вработено се што им е род до шесто колено во Комунална – овие мафијаши нема да бидат толерирани
Од една фамилија, над 40 лица се вработени во јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Ова вечерва го соопшти градоначалничката Данела Арсовска.
На новинарите им покажа документ на кој стоеше презимето Дардишта, како и повеќе имиња. Во делот на функции, стоеја: метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.
„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија, во јавното претпријатие „Комунална хигиена„ има вработено се што му е род до шесто колено.
Од една фамилија има над 40 вработувања. Од втора фамилија има над 30 вработувања. И овие мафијаши нема да бидат повеќе толерирани во Градот Скопје“, рече Арсовска. Инаку, Дардишта се презива и синдикалниот претставник кого директорката Косана Мазнева го избрка во четвртокот.
Таа додаде дека се надева оти институциите ќе продолжат да постапуваат и дека никој нема да дозволи на штета на граѓаните, да се случува ова што се случува во моментов со несобирање на сметот и блокирањето на работата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа