Арсовска ќе потроши еден милион денари на анкети за мерење на сопствениот рејтинг
Речиси еден милион денари или 987.000 ќе потроши градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за спроведување анкета на јавното мислење, според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, пренесува 24инфо.мк.
Град Скопје пред два дена, на 10 октомври, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на седум квантитативни истражувања на јавното мислење.
Што ќе бидат темите на истражувањата и дали со нив ќе се мери рејтингот на Арсовска, во Договорот не е наведено.
12.10.2022 - 21:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа