Aрсовска: Мостот Беласица е намерно запален од „хулигани“
Мостот Беласица во Скопје намерно е запален од хулигани, изјави градоначалничката Данела Арсовска во вестите на „Сител“ денеска по првичниот увид испратен до Град Скопје од МВР.
Според собраните информации и докази од МВР, најверојатно станува збор за намерно потпалување на мостот. Арсовска побара институциите да постапат посериозно и ефективно во пронаоѓањето на сторителите и истите да бидат веднаш санкционирани.
Мостот „Беласица“ е надвор од функција за сообраќај околу еден месец. Во моментов се чека да биде комплетирано вешатчењето, за кое не се знае кога ќе заврши.
Поставените барикади се присутни сеуште, а на терен ги нема полицајците кои треба да ги пренасочуваат граѓаните. Мостот го користат пешаци и велосипедисти, но и моторциклисти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа