Арсовска побара одговорност од Советот на Град Скопје поради неисплатената декемвриска плата на ЈСП

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побара одговорност од Советот на Град Скопје поради најавениот прекин на работа на ЈСП поради неисплатената декемвриска плата.

– “Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје, уредно ги доставив до Советот и претседателот, дури свикав и една итна седница, која што тој одлучи со своето дискреционо право, точките кои беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата се уште не е свикана до овој ден. Јас се надевам дека прво одговорност ќе имаат со функцијата што ја имаат, доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна се што сме можеле сме направиле“, рече Арсовска.

Арсовска меѓудругото објави и дека службите на Градот детектирале еколошка катастрофа на парцела од 4.000 квадратни метри приватен имот и 5.000 квадратни метри имот на Македонија, во близина на реката Лепенец, на само неколку стотини метри од новата прочестителна станица што ја гради Ѓорче Петров, а е финансирана од ЕУ.

18.01.2024 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега