Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од човечки фактор
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од несовесни граѓани.
-Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, не само по јавното добро , туку и по животот на нашите сограѓани. и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици и да се најдат сторителите и за истото да бидат санкционирани, рече Арсовски во вечерашното гостување во емисија на ТВ21.
Таа потенцира дека Градот Скопје ќе ги чека анализите и извештаите од МВР и ЦУК за да почне да постапува.
Одговорајаќи на прашањето колку би потраел периодот на затворање на мостот за сообраќај, Арсовска рече дека тоа не зависи од нив.
-Се додека не е 100 процентно безбеден и сигурен за премин од страна на граѓаните и на возилата, не смее да биде пуштен сообраќајот. Пред да бидеме сигурни дека издржливоста и статиката на мостот и да се испита дали е безбеден за премин, не можеме да дадеме одговор, рече Арсовска.
Во петок, Градот Скопје донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила и за движење на пешаци на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт мол, се додека не се утврдат точните штети од пожарот кај мостот „Беласица“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа