Арсовски до Љупчо Николовски: Дали си дал субвенции за шверцуваниот тутун кој завршил во Скопско?

Скандалот со шверц на тутун станува се поголем. Ова е скандал пред кој не може да се замижи и кој дури сега се ќе излезе на виделина. Она коа што го говориме неколку недели, вчера Јавното обвинителство од Куманово со едно штуро соопштение отвори случај за затаена и неплатена акциза од над 1.5 милиони евра за околу 60 тони тутун, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту да пише која фирма, ниту каде завршил тутунот за кој не е платена акцизата, каде е пуштен во промет, ниту пак кој е увозникот, ниту кој го откупил, ниту пак како тутунот влегол баш во Република Македонија и да биде пуштен на незаконски начин во промет. Во најмала рака требаше да соопштат дали е истиот тутун за кој ние говориме изминативе неколку недели? Увезените над 100 тони тутун во време кога Љупчо Николовски е министер за земјоделие, според нашите информации до кои што дојдовме завршиле во едно населено место, во околината на Скопје, познато на јавноста и на граѓаните по производство на нелегални цигари, односно цигари без бандерола, односно производство на цигари на диво. Сите можете да претпоставите каде завршил тутунот. Второ, јавно прашуваме, дали онаму каде што завршил тутунот, се доделени и плус субвенции за истиот тутун од страна на министерството за земјоделие? Ако се поделени субвенции, сега веќе е јасно зошто чесните, искрени и вредни тутунари и земјоделци од Република Македонија не можат да преживеат и не добиваат никаква помош од оваа Влада. Помошта најверојатно завршува на други места, вели Арсовски.

Тој додава, трето, дали ова било аминувано од тогашниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски? Овој случај и целиот скандал е директно поврзан и цело време се врти се околу него, заради фирмата која е увозник на тутунот, а нормално е во сопственост на негов многу близок пријател од Крива Паланка.
Следно што сакаме да прашаме и што ја интересира јавноста, дали можеби сега оваа фирма која што должи акциза и нелегално продала тутун на диво за да биде пуштен во промет, можеби ќе биде ставена под стечај од страна на управител кој можеби и не е жител на Република Македонија и ќе се обидат на тој начин да го заташкаат целиот случај и да избегнат одговорност?

-Ова се суштинските прашања кои што треба да ги одговори и Љупчо Николовски и Јавното обвинителство, но и организиран криминал од МВР. Ова се суштинските прашања, не е важно штурото соопштение каде што не се кажува ниту која е фирмата, ниту каде завршил тутунот, ниту пак дали е санкциониран некој, дали е повикан на разговор, дали од оние кои што го откупиле се повикани на разговор или пак оние кои што го увезле и продале. Ова е проневера од неколку милиони евра, каде што целиот случај се врзува околу Љупчо Николовски кој што пак е близок пријател до увозникот и е тогашен министер за земјоделие. Ова е класичен пример на организиран криминал, каде што случајот треба да добие и јавна димензија, но и да се истражи колку други камиони за кои што јавноста не знае, поминале во Република Македонија и никој не знае каде завршила стоката односно тутунот кој што го превезувале? Можеби не се само овие 100 тони тутун, можеби се илјадници тони тутун, потенцира Арсовски.

Тој додава дека додека ЈО се обидува да контролирано да го води овој случај со прикривање на информации за кои што ние секако нема да им дозволиме да го заташкаат случајот, ги охрабрувам и антикорупционерите да се разбудат и да се расонат, доаѓа пролет, и може да се вклучат во расветлување барем на овој случај. Нормално, ако не се исплашени, и ако не се плашат како и до сега, впрочем за тоа земаат плата, за тоа земаат плата од данокот кој што го плаќаат граѓаните, да не спијат, да не го штитат криминалот туку да се одважат и да почнат конечно да работат и да расветлуваат случаи. Како што реков, секое соработување и прикривање на одговорност ги прави активни соучесници, и антикорупциска и Јавното обвинителство, и МВР во целиот криминал кој што го прави оваа Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега