Ашковски: Кога играме за Македонија не постои замор
Фудбалската селекција на Македонија ги започна подготовките за последните овосезонски обврски. Во рамките од квалификациите за следното Европско првенство, нашите фудбалери ги чека дуели против секогаш незгодната Украина и европскиот вицешампион Англија..Во пресрет на дуелите во Скопје и Манчестер, Стефан Ашковски вели дека заморот е во втор план, бидејќи кога се носи дресот на Македонија секогаш се дава максимумот.
„Мило ми е што пак сме заедно, нѐ чекаат два натпревари против квалитетни селекции, но секако и шанса да видеме до каде се нашите можности.Тоа што се игра на крај на сезоната, мислам дека за сите е исто напорно, но кога играш за Македонија и на вакви натпревари, заморот го заборавате. Заморот за вакви натпревари е во втор план. Имаме победа од стартот и очекувам да ја продолжиме добрата низа на овие два меча“, рече Ашковски.
Прв противник во јунскиот прозорец ни е Украина, на 16 јуни во Скопје, додека на „Олд Трафорд“ гостуваме три дена подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа