„Ауди“ излета од патот кај Бутел, повредени возачот и сопатникот

Синоќа на крстосницата од булеварот Христијан Тодороски-Карпош и улицата Натанаил Кучевишки во скопската населба Бутел, патничко моторно возило “ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

28.05.2023 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега