Авион кој летал од Индија за Москва се урна во Авганистан


Полицијата во северен Авганистан добила извештаи за авионска несреќа во провинцијата Бадакшан, изјави во неделата портпарол на провинциската полиција.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека несреќата се случила во текот на ноќта во оддалечениот, планински регион Бадакшан на далечниот север на Авганистан.
Авганистанската полиција не го потврди типот на авионот, причината за падот или жртвите, а руската контрола на летање соопшти дека станува збор за авион Dassault Falcon 10 со шест лица на летот од Индија до Москва.

21.01.2024 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега