Авион на „Кроација ерлајнс“ полетал за Копенхаген, па свртел и се вратил во Загреб

 

Авионот на „Кроација ерлајнс“, кој утрово во 8.45 часот полета за Копенхаген, поради превентивни мерки се врати во Загреб.

Портпаролот на „Кроација ерлајнс“, Давор Јанушиќ, откри дека леталото било пренасочено назад кон аеродромот во Загреб како мерка на претпазливост.

„Рутинска процедура е да се вратат авионите доколку има некакви индикации за дефект и превентивно да се прегледаат. Во овој случај имало индикации за дефект на системот за ладење на инструментот, па затоа бил вратен назад и прегледан како мерка на претпазливост, иако сè уште можел да лета без опасност“, рече тој, пренесе „24 сата.хр“.

Во 10.40 часот авионот повторно полета и патниците веќе се на пат кон својата дестинација. Компанијата се извини за доцнењето.

09.03.2023 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега