Авион ненадејно се расипал за време на летот од Сиднеј до Окленд, има повредени

 


За време на летот на „LATAM Airlines“ од Сиднеј за Окленд се појавил технички проблем поради кој леталото нагло се расипало, јавуваат локалните медиуми.

Службите за итни случаи соопштија дека околу 50 лица биле прегледани и укажана им е помош на местото на настанот, при што едно лице е во тешка состојба, а останатите во полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава во извештаите.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

„LATAM Airlines“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

11.03.2024 - 09:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега