АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Република Турција каде има големи човечки загуби, повредени граѓани, како и голема материјална штета, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.

06.02.2023 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега