Австралиски научници открија колку трае имунитетот на коронавирусот и каква врсска има тоа со вакцините

 

 

Универзитетот Монаш во Мелбурн објави откривање на група научници кои посочуваат дека антителата спречуваат повторна инфекција најмалку осум месеци.

Нивната работа, објавена во списанието „Сајанс имунологија“, „е најсилниот доказ“ дека вакцините против коронавирусот можат да бидат изводливо решение за здравствената криза. Претходните студии сугерираат дека антителата кон Ковид-19 почнуваат да исчезнуваат за неколку недели или месеци. Сепак, новата австралиска студија покажува дека одредени клетки во имунолошкиот систем, наречени мемориски Б клетки ја „запомнуваат“ вирусна инфекција и предизвикуваат заштитен имунолошки одговор со правење антитела во случај на повторно изложување.

Студијата испитала 25 пациенти со Ковид-19, земајќи 36 примероци на крв, почнувајќи од четвртиот ден по инфекцијата. Последните примероци биле земени 242 дена по инфекцијата. Научниците забележале дека бројот на антитела кои се борат против вирусот почнале да опаѓаат 20 дена по инфекцијата, но откриле дека мемориските клетки специфични за вирусот Ковид-19 остануваат стабилни најмалку осум месеци.

Овие резултати се всушност добра вест за ефективноста на вакцината, што исто така дополнително објаснува зошто имало малу случаи на повторна инфекција со коронавирус, рече  професорот Мено ван Зелм од Одделот за имунологија и патологија на универзитетот Монаш.

„Ова беше црн облак што лебдеше над потенцијалната заштита што може да ја обезбеди секоја вакцина за КОВИД-19. Покрај тоа, ова откритие дава вистинска надеж дека штом се развие вакцина или вакцини, тоа ќе обезбеди долгорочна заштита“.

Иако постои широк спектар на вакцини против коронавируси, за кои се покажало дека се ефикасни во градењето имунитет против вирусот, сè уште е нејасно колку трае заштитата. Сепак, вакцините исто така ќе треба да ги следат мутациите на вирусот. Извршниот директор на BioNTech, Угур Сахин, претходно оваа недела изјави дека германската компанија наскоро ќе добие вакцина за борба против новиот подвид Covid-19 што се појави во Велика Британија, но изрази уверување дека сегашната вакцина развиена со американската компанија Pfizer е ефикасна и против новиот вид коронавирус.Домашната руска вакцина Спутник V е ефикасна и против новиот тип на коронавирус, изјави Кирил Димитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансираше развојот на вакцината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега