Австрија во шок: 14-годишник планирал терористички напад
Австриските власти уапсија четиринаесетгодишник под сомнение дека планирал напад на железничката станица Вестбанхоф во Виена, објави денеска австриската агенција АПА.
Тинејџерот беше уапсен, а во неговата куќа беа пронајдени предмети кои сугерираат дека ја поддржува Исламската држава.
Извештајот следи по нападот со нож во јужниот град Филах во саботата, во кој 23-годишен бегалец од Сирија е осомничен дека убил тинејџер и ранил пет лица, јавува Ројтерс.
Според австриските власти, тој човек се радикализирал откако гледал исламистички видеа на социјалните мрежи, пренесува Танјуг.
19.02.2025 - 15:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа